недела, 16. декември 2018. Вести денес: 33
Во живо

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Велес

home Ракомет

Ренато Вугринец го доби Минчко Јорданов на суд

Ренато Вугринец го доби Минчко Јорданов на суд

Натурализираниот Македонец и македонски ракометар, Ренато Вугринец, деновиве, својата „втора слава“ ја преживува во скопските судови. Тој пред извесно време ја доби првостепената пресуда, со која судот само потврди дека Ракометниот клуб „Металург“, односно неговиот сопственик Минчо Јорданов, му останал должен и дека платите кои му ги должат, со години наназад, треба да му бидат исплатени, објави ТВ 24.

Пресудата е веќе објавена, но барем засега останува непознато дали Јорданов ќе ја обжали одлуката или ќе прифати дека треба да се плати долгот кон ракометарот?!

„За жал многу луѓе се запознаени со мојот случај, поради нерешени работи со „Металург“ морав да одам на суд, повеќе од три години се влечам по судови“ – вели ракометарот Ренато Вугринец.