четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Ракомет

Разврската и нокаут фазата од СЕХА лигата во текот на целото лето

Разврската и нокаут фазата од СЕХА лигата во текот на целото лето

Во ракометната регионална лига СЕХА Вардар до крајот на регуларниот дел на 27 април гостуваат кај Војводина, а тој меч ќе покаже по каков пат ќе се движат „црвено-црните“ кон завршницата на оваа натпреварување .

Осминафиналините пресметки во оваа натпреварување ќе бидат на програмата во мај, по репрезентативните средби, а веќе се знаат термините за двобојот меѓу Татран Прешов и Војводина.Двете средби ќе се играат во Прешов на 4 и 5 мај. Победникот од овој двомеч оди на четврфиналето на Мотор Запорожје.

Еурофарм Пелистер е најмалку втор во групата А, па јасно е дека ја прескокнува осминафиналната пречка.

Доколку не се игра дуелот со Загреб, битолчани можат да заборават до август на СЕХА лигата. Четвртфиналните пресметки ќе се играат на оваа лето, после 20 август, додека Ф4 турнирот веројатно ќе биде на почетокот на септември.

Коронавирус