сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 60
home Ракомет

Раул со последната изјава најави дека вечер нема да има милост кон своите

Раул со последната изјава најави дека вечер нема да има милост кон своите

Македонскиот ракометен селектор Раул Гонзалес пред мечот со својата Шпанија вели дека на теренот не постојат пријатели.

-Нема сентименталности и емоции. Ако имаме шанси да ги победиме 15 гола разлика ќе го направиме тоа. Верувам дека и Алекс и Кање би ја искористиле истата можност. Спортисти и професионалци сме. Секој сака да победи. На терен нема пријатели, вели македонскиот селектор во изјава за Спортмедиа и додава:

„Мора да функционираме како досега, како екипа. Таквата обединетост не красеше до сега и не донесе до тука до каде што сме. Ако продолжиме така и понатаму можеме далеку да стигнеме”.

Коронавирус