понеделник, 22. април 2019. Вести денес: 42
home Ракомет

„Раул нема повеќе да биде селектор на Македонија!“

„Раул нема повеќе да биде селектор на Македонија!“

Неодамна заврши Светското првенство (СП) во Германија и Данска, на кое триумфираше Данска против Норвешка со 31-22, додека македонската ракометна репрезентација го освои 15. место, а по турнирот селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ даде свое мислење за постигнатите успеси.

Поранешниот тренер на Вардар смета дека селекторот на Македонија, Раул Гонзалес повеќе нема да остане на тренерската позиција и ќе се повлече во ПСЖ.

-Знам по себеси, кога се вратив од Олимписки игри во Рио, бев целосно празен во Загреб. Исто така, ќе биде празен и Раул. Кога играш во СЕХА-лигата, имаш време и не е страшно. Но, кога играш во Лигата на шампиони и водиш репрезентација, тогаш тоа е голем напор. Тоа може да се издржи само во краток период. Раул е паметен, нема повеќе да биде селектор на Македонија, смета Вујовиќ.

Словенскиот селектор имаше коментар и за балканските репрезентации, кои не постигнаа добри резултати.

-Испаѓа дека ова е првенство со најлошите резултати, а сите сме задоволни. Никогаш во животот не сум слушнал дека некој е задоволен, а резултатот е катастрофа. Да тргнам од Словенија. Словенците се задоволни, а не беа ниту на СП, па не мораа да играат против Данска… Македонците се презадоволни. Кире Лазаров е меѓу најдобрите стрелци, Хансен го пофали Раул и тие се пресреќни. Ама дали е тоа најважно?, вели Вујо.

Вујовиќ кажа дека многу екипи не заслужиле место на СП, а како проблем го смета тоа што натпреварувањето било во јануари.

-На некои екипи местото не им е на СП, но таков е системот. Проблем ни беше тоа што ракометарите се уморни од Лигата на шампиони, па се случуваат многу повреди на Мундијалот во јануари. Според мене, првенството треба да биде во септември и не е лошо да размислуваме во тој правец, кажа Вујо.

ИЗВОР: СПОРТ 1