петок, 30. септември 2022. Вести денес: 3
home Ракомет

Раул направи измена пред Германија: Филип Лазаров изваден од составот

Раул направи измена пред Германија: Филип Лазаров изваден од составот

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес ја направи првата измена во составот пред вечерашниот натпревар со Германија во рамки на групната фаза на Европското првенство кое се одржува во Хрватска.

Од паркетот, Филип Лазаров денес ќе се пресели на трибините, додека во составот влегува специјалистот за одбрана Велко Маркоски.

Причина за замената на Лазаров е повреда на мускулот на ногата на која се пожалил бекот во текот на вчерашниот ден и ќе одмора за денешниот дуел.

Левиот бек на Европското првенство постигна вкупно пет голови од пет удари, два реализираше со Словенија во клучните моменти од натпреварот, а три пати погоди во мрежата на Црногорците.

Коронавирус