недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Ракомет

Раул: Исланд е силен противник, но верувам дека можеме да го победиме

Раул: Исланд е силен противник, но верувам дека можеме да го победиме

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез по поразот од Шпанија изјави дека почетокот на второто полувреме бил клучен за поразот, кога противниците направија серија од 5-0 и поведоа со 6 гола разлика.

– Секогаш е тешко да се игра против Шпанија, бидејќи, според мене, тие ја имаат најдобрата одбрана во светот. Одигравме одличен прв дел и губевме еден разлика, но на почетокот на второто полувреме загубивме три топки за 30 секунди и го загубивме натпреварот. Потоа решив да ги променам клучните играчи за да ги сочуваме за клучниот натпревар утре, зашто знаев дека немаме шанса, изјави Раул на пресот по мечот.

Во однос на денешниот меч против Исланд, слекторот на Македонија смета дека ако играме како вчера во првото полувреме, имаме реална шанса за победа над „рибарите“.

– Исланд е силен противник, но верувам дека можеме да го победиме. Треба да се одмориме, па да разговарам со ракометарите како се чувствуваат физички, па потоа ќе анализираме и ќе се подготвуваме, заврши Раул.

МИА

Коронавирус