вторник, 11. август 2020. Вести денес: 140
home Ракомет

Раул Гонзалес се огласи по мечот- еве што кажа селекторот

Раул Гонзалес се огласи по мечот- еве што кажа селекторот

На прес-конференцијата по денешниот меч, селекторот Раул Гонзалез се обиде да го коментира само поразот од Данска, а не целиот турнир.

Сепак, последните два натпревари се поврзани и тешко може еден да не кондиционира друг. По чешкото трилер сценарио, денес Македонија играше едно полувреме со тактика и сила рамноправно, а потоа доживеа убедлив пораз од 20-31 од Данска.

– Мислам дека турнирот беше предолг за нас. Додека имавме свежина игравме добро, но видовте дека како турнирот одминува, не стигнува умор. Одигравме многу добри напревари, само со Шпанија загубивме со голема разлика. Можам да сумирам еден солиден турнир за мене како прво искуство на македонската клупа. Сакам да им се заблагодарам на претседателот, федерацијата, ракометарите, новинарите. Гледате колку е изедначен турнирот, еден гол и една победа можеа многу работи да сменат, заклучи Раул Гонзалез.

Коронавирус