понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 44
home Ракомет

Раул Гонзалес избран за најдобар тренер во ЛШ од своите колеги

Раул Гонзалес избран за најдобар тренер во ЛШ од своите колеги

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес е прогласен за најдобар тренер во Лигата на шампиони од страна на неговите колеги.

Поранешниот тренер на Вардар и актуелен на ПСЖ повторно беше избран од европските тренери, откако ја доби наградата и година претходно. Тој доби 18 гласа и „за“ и за еден глас го победи тренерот на Монпелје, Патрис Канаје.

Тренерите, 28 на број, изгласаа и идеален тим, а на списокот се најдоа двајца поранешни играчи на „црвено-црниот“ тим. За најдобар голман е избран Арпад Штербик, кој сега настапува за Веспрем, додека најдобар централен бек е Лука Циндриќ, кој од сезонава е член на Кјелце.

Според правилата, тренерите не смеат да гласаат за играчи од својот тим.

Коронавирус