четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 3
home Ракомет

Раул: Алборг може да се претвори во Вардар!

Раул: Алборг може да се претвори во Вардар!

Раул Гонзалез, сегашниот предводник на Пари Сен Жермен, а поранешен тренер на Вардар, пред настапот на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите предупреди дека со целосна почит гледа кон данскиот првак Алборг.

ПСЖ ќе се соочи со дебитантот на завршниот турнир во елитата, а Раул предупредува дека Алборг не смее да се потцени, затоа што може тимот да направи подвиг како Вардар кога пред „црвено-црните“ паднаа фаворитите.

„Многумина велат дека Алборг е најлабиот тим на овој Ф4, но тие во двомеч го исфрлија Флензбург, тим кој двапати беше подобар од нас оваа сезона. Алборг е како Вардар, првпат се квалификува на Ф4. А кога Вардар првпат влезе на Ф4, ја освои ЛШ. Така што мора да имаме целосен респект и да заборавиме се што се случило претходно“, изјави Раул.

Македонија ќе има еден претсавник на завршницата во Лигата на шампионите, тоа е Кирил Лазаров, кој со Нант ќе се соочи со својот поранешен клуб Барселона.

ЕУРО 2020

Македонија