сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 51
home Ракомет

Ракометот се враќа на терен – Ре-стартот закажан за 16 октомври

Ракометот се враќа на терен – Ре-стартот закажан за 16 октомври

Следната седмица ќе заврши принудната пауза до домашниот ракометен шампионат. Ракометната федерација ги инфромирала клубовите дека на лигашките обврски им се враќаат на 16. октомври. Натпреварувањето застана пред третото коло во групата А и пред петтото коло во групата Б.

Екипите во највисокиот натпреварувачки ранг кои се поделени во две конкуренции имаа различен период за пауза со оглед дека коронавирусот прво се појави во групата А каде првите случаи ги пријави Голден Арт КЛ7. Овде паузата беше три недели. Една семица покусо во застој е групата Б. Очекувањата се дека екипите претстојниов викенд ќе се вратат на тренинзи и ќе имаат време да се подготват за најавениот ре-старт на сезоната.

Коронавирус