сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 130
home Ракомет

Ракометните кадети и кадетки во ист ден ќе се борат за трофеј во Скопје и во Клаипеда

Ракометните кадети и кадетки во ист ден ќе се борат за трофеј во Скопје и во Клаипеда

Ракометните репрезентациите на Македонија во кадетска конкуренција денеска ќе имаат одлична можност со две победи да ја израдуваат македонската јавност и да се најдат во А зоната односно меѓу најдобрите 16 селекции со што би обезбедиле место на Европското првенство во следниот циклус .

Машката селекција до 19 години денеска ќе игра по вторпат против Полска на домашен терен. Оваа средба почнува од 18 часот.

Кадетките, пак, од 17 часот ќе играат против Исланд. Тие во Клаипеда направија одлични резултати и покажаа дека немаат респект против никого и дефинитивно најавија дека Македонија има иднина и во женскиот ракомет.

foto: gol.mk

Коронавирус