четврток, 5. август 2021. Вести денес: 141
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Ракомет

Ракометниот клуб Охрид се прости од Даниловски

Ракометниот клуб Охрид се прости од Даниловски

Од водите на Охридското Езеро денеска е извлечено телото на Никола Даниловски, голман на ГРК Охрид, поранешен член на РК Металург и репрезентативец во националниот ракометен тим.

Беживотното тело на 26-годишниот спортист роден во Скопје е пронајдено во близина на туристичката населба Лагадин. Потрагата по него започнала уште синоќа, а била известена и полицијата.

-Последен поздрав од Ракометниот клуб Охрид за голманот Никола Даниловски-Џамбо. Засекогаш ќе бидеш еден од нас, напишаа од клубот.

Поради трагичната смрт на младиот голман одложен е вечерашниот меч од Супер лигата помеѓу Охрид и Струга.

Последен поздрав до Даниловски испратија и од Ракометната федерација.

Коронавирус