четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Ракомет

Ракометарките на ЖРК Вардар го имаа првиот собир во 2018 година

Ракометарките на ЖРК Вардар го имаа првиот собир во 2018 година

Ракометарките на ЖРК Вардар кои се актуелни европски вицешампионки попладнево го имаа првиот собир во 2018 година.

На крајот од претходната година „црвено-црните“ имаа пауза во тренажниот процес поради настапите на голем број ракометарки за своите репрезентации на Светското првенство во Германија. На почетокот на новата година ЖРК Вардар го очекуваат два дуела во регионалната ВРХЛ лига и дуелот од Лигата на шампионите со француски Мец.

– Во првиот дел од сезоната победивме на сите натпревари, но никако не можам да бидам задоволна од покажаното, зошто имавме некои грешки кои во следниов период мора да ги поправиме. Мислам дека можеме и подобро да играме. Младите ракометарки, пак би сакала во идниот период да добијат поголема шанса, но имаме многу тешка група во Лигата на шампоните и ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Во екипата имаме многу квалитетни и искусни девојки на кои им е потребно повеќе да играат, а немаме доволно натпревари кои ќе бидат добри за нив. Ќе се обидеме да ги усогласиме потребите, сега следат натпреварите од регионалната лига, каде очекувам тие повеќе да играат и потоа да помогнат и во натпреварите од главната фаза од Лигата на шампионите, изјави за клупскиот сајт тренерот на ЖРК Вардар Ирина Дибирова.

Првите дуели од ВРХЛ лигата „вардарки“ ги играат против Будуќност (19.јануари) и Крим (21.јануари). Овие дуели се играат во СЦ „Јане Сандански“.

ЖРК Вардар има максимален учинок во оваа лига – четири победи. Првиот натпревар во Лигата на шампионите(на домашен терен) ЖРК Вардар го игра на 27.јануари против Мец, а и во ова натпреварување македонскиот првак има максимален учинок и во групната фаза ќе стартува со 8 бодови (максимални).