петок, 31. март 2023. Вести денес: 43
home Ракомет

Ракометарите тренираа во Кожани, подготвени за битка со Грција (ФОТО)

Ракометарите тренираа во Кожани, подготвени за битка со Грција (ФОТО)

Машката ракометна репрезентација веќе се наоѓа во грчкиот град Кожани, каде утре ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за пласман на континенталниот собир за две години во Шведска, Норвешка и Австрија.

По првата победа над Турција, со која имавме мали проблеми во вториот дел, избраниците на Раул Гонзалес, утре ќе се соочат со Грција, која пак на првиот натпревар загуби убедливо на гостувањето кај Исланд, иако во првиот дел одржуваше резултатска рамнотежа.

Нашите момци го одржаа тренингот во салата во Кожани и веќе се подготвени за битка на теренот против Грците, кои пак најавуваат дека со сите сили ќе се обидат да стигнат до победа над нивниот северен сосед.

Мечот се игра утре со почеток во 16:00 часот по македонско време.

 

Извор: www.24rakomet.mk