среда, 26. јуни 2019. Вести денес: 112
home Ракомет

Ракометарите слетаа во Минхен, багажот им го нема

Ракометарите слетаа во Минхен, багажот им го нема

Македонската ракометна репрезентација пристигна во Минхен каде што во петок ги почнува натпреварите од групната фаза на Лигата на шампионите.

Со редовна линија, македонскиот тим од Скопје преку Загреб, а оттаму заедно со репрезентацијата на Хрватска, леташе до Минхен.

Багажот на македонскиот тим, како и да е – не стигна заедно со ракометарите, објави порталот g-sport.

За среќа, багажот не е загубен, веднаш беше интервенирано, и во секој момент играчите треба да ја добијат опремата.

Денеска од 17:00 часот играчите ќе го имаат и првиот тренинг во Минхен.

извор: g-sport.mk