среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

Ракометарите продолжуваат „да бегаат“ од Вардар – си оди Калифа Гедбан!

Ракометарите продолжуваат „да бегаат“ од Вардар – си оди Калифа Гедбан!

Не престануваат вестите за заминување на ракометари на Вардар, некои од следната сезона, некои веднаш. Даинис Криштопанс одекна како бомба со неговиот инстант-трансфер во Фуксе Берлин, а сега ќе си оди и еден од голманите.

Калифа Гедбан се договорил со Адемар Леон за да премине на лето, пред почетокот на следната сезона. Не се објавени детали од договорот, но шпанските медиуми велат доаѓа за да добие поголема минутажа од онаа што ја има во Вардар.

Колку и да е тоа легитимна причина, главната е очигледна веќе некое време – тешката финансиска состојба во Вардар.