среда, 26. септември 2018. Вести денес: 105
home Ракомет

Ракометарите на Вардар летово на два меѓународни турнира

Ракометарите на Вардар летово на два меѓународни турнира

Македонскиот ракометен шампион вардар за 24 јули го закажа почетокот на подготовките за новата сезона. „Црвено-црните“ првито собир ќе го имаат во Скопје, а предвидено е да настапат и на два меѓународни турнира, во Германија и во Франција.

– Според програмата, од 24 јули до 31 јули ќе се работи во Скопје каде ќе се извршат сите потребни лекарски прегледи. Потоа се заминува на подготовки на Крањска Гора во Словенија од каде директно екипата ќе отпатува за Германија на турнир, објави РК Вардар на својата веб страница.

На турнирот во Германија Вардар ќе игра со Хамбург и уште две средби со некои од следниве ривали: Лајпциг, Монпелје, Фуксе Берлин и Кристијанштад.

Следен предизвик е натпреварот од Супер Купот на Македонија против Металург во Струга на 18 август.

На крајот од август македонскиот шампион ќе учествува на турнир во Стразбург, Франција. Вардар ќе биде во Група 1 заедно со ПСЖ и Мешков Брест. Во Група 2 ќе бидат: Нант, Монпелје и Веспрем.

МИА