вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 188
home Ракомет

Ракометарите на Еурофарм Пелистер им гостуваат на Рајн Некар Левен

Ракометарите на Еурофарм Пелистер им гостуваат на Рајн Некар Левен

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер во спортскиот центар САП-Арена во Манхајм ќе се сретнат со германскиот претставник во ракометната Лига на Европа, Рајн Некар Левен.

Битолчани со релативен оптимизам допатуваа во Манхајм каде во групната фаза и во рамки на четвртото коло, силите ќе ги одмерат со фаворитот во групата „Д“ – Рајн Некар.

Европската ракометна федерација за дуелот меѓу Рајн Некар Левен и Еурофарм Пелистер кој ќе почне во 20.45 часот, ја делегира судиската двојка Aндреј и Сандро Смаилагиќ од Шведска.

Како што е познато во првите два натпревара од ракометната Лига на Европа, Еурофарм Пелистер загуби од ГОГ Гудме и ремизираше со Кадетен Шафхаузен, а во дополнителен термин ќе се одигра одложениот натпревар од првото коло со Татабања од Унгарија.

Коронавирус