петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 183
home Ракомет

Ракометар на Веспрем позитивен на коронавирусот, не може да се врати дома

Ракометар на Веспрем позитивен на коронавирусот, не може да се врати дома
Velux EHF Champions League - Final 4 2019, HC Veszprem vs PGE Vive Kielce in LanXess Arena, Keln, Keln 01.06.2019. Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Ракометната Федерација на Унгарија ги ослободи сите играчи во клубовите поради тоа што првенството беше прогласено за распуштено, но пред да се вратат во своите родни земји, играчите подлегнале на задолжителни коронавирус тестови.

Резултатите покажале дека еден играч на великанот Веспрем е позитивен на КОВИД-19, па поради тоа тој ќе мора да остане во градот во 14-дневна самоизолација и покрај тоа што нема никакви симптоми. Изненадувачки, Веспрем им направи тестови на сите ракометари пред три недели и тогаш сите беа негативни, па нејасно е како неименуваниот ракометар се заразил во изминатиов период.

– Пред да си заминат за своите земји, ракометарите мораа да бидат тестирани за коронавирусот, бидејќи само со потврда за негативен тест можеа да ја напуштат Унгарија. За жал, еден од нашите ракометари имаше позитивен тест и веднаш беше ставен во домашен карантин заедно со неговото семејство. Тој и неговото семејство се чувствуваат добро и немаат никакви симптоми. Останатите играчи и вработени во клубот ќе се погрижат да ги задоволат сите нивни потреби. Од почит кон играчот и на негово барање, името нема да биде објавено. Му посакуваме брзо заздравување, – пишува во соопштението на Веспрем.

Коронавирус