недела, 9. мај 2021. Вести денес: 139
home Ракомет

Рајн Некар Ловен и Магдебург се првите патници на завршниот турнир на Европската лига во ракомет. 

Рајн Некар Ловен и Магдебург се првите патници на завршниот турнир на Европската лига во ракомет. 

Германските ракометни тимови на Магдебург и Рајн Некар Ловен се првите патници на завршниот турнир во новоформираната Европска лига во ракомет.

Магдебург, кој во осминафиналето го елиминира македонскиот Еурофарм Пелистер, повторно покажа моќ против Кристaнштад и со нова убедлива победа се пласира понатаму.

По триумфот на првата средба од 34-28, и вечерва Магдебург беше тимот кој доминираше на паркетот и носен од Магнусон кој реализира девет гола, извојува нова лесна победа од 39-31.

Рaјн Некар Левен на реванш средбата против Чеховски Медведи требаше да брка негатива од еден гол 33-32, но „лавовите“ не потклекнаа под притисокот и со победа од десет гола разлика 37-27  се пласираа на Ф4 турнирот во Европската лига.

Коронавирус