сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

Публиката се враќа на ракометните терени во Унгарија и Полска

Публиката се враќа на ракометните терени во Унгарија и Полска

Навивачите во Полска и Унгарија од почетокот на месец мај ќе можат во живо да ги бодрат своите тимови.

Во овие две држави беше донесена одлука дека публиката же може полека да се враќа во салите.

Салите во Полска ќе може да бидат исполнети со 50% од капацитетот, а тоа значи дека последното полско дерби меѓу Келце и Висла Плоцк ќе биде одиграно пред гледачи.

Во Унгарија засега не е познато во колкав обем се враќа публиката во сала, но шампионот Веспрем веќе најави дека ќе пушти во продажба влезници за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Нант каде настапува нашиот селектор и капитен Кире Лазаров.

Коронавирус