четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

ПСЖ во Келн со познато име во напад на европската титула

ПСЖ во Келн со познато име во напад на европската титула

Раул Гонзалез, тренерот на Пари Сен Жерман, доби големо засилување во пресрет на завршницата од Лигата на шампионите, односно „фајнал-фор“ турнирот во Келн.

Францускиот гигант важи за еден од фаворитите за трофејот во елитата, а поранешниот стратег на Вардар и екс македонски селектор, за дуелите во „Ланксес Арена“ ќе може да смета на својата прва ѕвезда, Никола Карабатиќ.

Искусниот бек повеќе од една седмица е во полн тренажен процес, Францускиот репрезентативец на седми октомври минатата година ги скина лигаментите на коленото и мораше да замине на операција, која го оддалечи од терените подолго време.

 

Локални избори 2021