среда, 21. април 2021. Вести денес: 138
home Ракомет

ПСЖ си поигра со Кјелце

ПСЖ си поигра со Кјелце

Францускиот ракометен гигант ПСЖ го совлада Кјелце со убедливи 37-26 и така ја запиша шестата победа во групата А од ракометната Лига на шампиони.

Парижаните уште во првите 10 минути од мечот најавија дека планираат да ги освојат трите бода откако со серија од неколку погодоци избегаа на 10-4. Во продолжение од полувремето предноста на ПСЖ постојано растеше и на паузата достигна до 19-10.

Во вториот ПСЖ, го диктираше ритамот на игра и нивното водство порасна на +15 или поточо 36-21, по што полскиот тим влезе во серија од пет погодоци и така намали на кончени 37-26.

Најдобар во екипата на ПСЖ беше Хансен со шест погодоци, додека кај Кјелце по пет голови постигнаа Душебаев и Сичко.

Коронавирус