понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 71
home Ракомет

ПСЖ ја продолжи соработката и со Шипжак

ПСЖ ја продолжи соработката и со Шипжак

Ракометниот клуб на ПСЖ ја продолжи верноста на уште ракометар со клубот до 2023 година, а тоа е Камил Шипжак.

Полскиот пикер кој пристигна во шампионот на Франција во 2019 година ќе остане во Париз најмалку уште две сезони. Со ова Раул Гонзалес го потврди пикерското трио на кое ќе смета наредните сезони.

Шипжак кариерата ја започна во Висла Плоцк каде што играше до 2015 година пред за замине во Барселона. Во каталонскиот тим настапуваше до 2019 година кога замина во Париз кај Раул Гонзалес.

По пристигнувањето Полјакот имаше проблеми со адаптација во новиот клуб, но веројатно тоа е веќе минато и во иднина се очекува Шипжак да има голем придонес во играта на ПСЖ.

Коронавирус