петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 23
home Ракомет

ПСЖ без Лука Карабатиќ на завршниот турнир во Келн

ПСЖ без Лука Карабатиќ на завршниот турнир во Келн

Ракометкиот клуб Пари Сен Жермен на завршниот турнир во Келн нема да може да смета на пикерот Лука Карабатиќ, кој поради повреда нема да настапи  на натпреварот против Нант.

Ракометарот се повреди на првиот четвртфинален дуел против Киелце, а оттогаш нема одиграно ниту еден натпревар.

Тренерот на ПСЖ, Звонимир Сердарушиќ соопшти дека се уште трае рехабилитацијата на Лука Карабатиќ и дека е премногу рано за негово враќање на теренот.

За разлика од него, десното крило Лук Абало се очекува да биде подготвен за завршниот турнир, иако пред десетина дена ја повреди тетивата.

ПСЖ и Нант ќе го отворат завршниот турнир со натпреварот од 15:15 часот, додека Вардар и Монпелје ќе го играат вториот натпревар со почеток во 18 часот.

Коронавирус