четврток, 22. април 2021. Вести денес: 123
home Ракомет

Првото коло на ракометниот плеј-оф поместено ден порано

Првото коло на ракометниот плеј-оф поместено ден порано

Се наближува продолжение од квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словачка во јануари 2022 година, а селекторот Кирил Лазаров веќе го одреди скратениот список за двата натпревари против Данска, во Скопје и во Алборг.

Поради подготовките за двата натпревари со актуелниот светски ракометен шампион, првото коло од плеј-офот и плеј-аутот на Суперлигата е поместено за еден ден и наместо в сабота на шести март, натпреварите од првото коло ќе се одиграат в петок на петти март.

Собирот на Лазаров е закажан за шести март, а два дена подоцна се очекува комплетирање на повиканите, со пристигнувањето на странците.

Првиот натпревар нашата репрезентација ќе го одигра во СЦ „Борис Трајковски” на 11 март (четврток) во 20:00 часот, а вториот во Алборг на 14.03.2021 (недела) во 16:00 часот.

Коронавирус