четврток, 4. март 2021. Вести денес: 146
home Ракомет

Прв позитивен случај на Мундијалот во Египет

Прв позитивен случај на Мундијалот во Египет

Данскиот репрезентативец Емил Јакобсен е позитивен на коронавирус, објави Светската ракометна федерација (ИХФ).

Според здравствените протоколи, Јакобсен заедно со неговиот цимер во хотелската соба се изолирани и нема да бидат дел од репрезентацијата која денеска игра против Бахреин.

Јакобсен претходно беше позитивен на ковид-19, а по пристигнувањето во Египет, неговиот тест повторно е позитивен, додека неговиот цимер чие име засега не се соопштува, нема да смее да им се приклучи на останатите репрезентативци се додека не добие негативен тест.

– Жалиме за позитивниот тест на Емил Јакобсен, но во секој случај ние сме подготвени за вакво сценарио и ќе ги следиме нашите и протоколите на ИХФ – изјави спортскиот директор на Данска, Мортен Хенриксен.

Коронавирус