сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

Промена на термините за завршниците во ракометниот куп

Промена на термините за завршниците во ракометниот куп

Завршните турнири во машка и женска конкуренција во македонскиот ракометен Куп ќе стартуваат ден порано од првично објавениот датум и ќе се играат од 13 до 15 мај во Скопје, соопшти денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Примената на термините доаѓа на барање на јавниот радиодифузен сервис МТВ, кој ќе врши директни преноси од двете полуфиналиња во машка конкуренција и финалните пресметки во машка и женска конкуренција.

Согласно новите термините, на 13 мај актуелниот бранител на трофејот во машка конкуренција Металург ќе игра против актуелниот шампион Вардар, од 16:30 часот, додека Еурофарм Пелистер за пласман во финалето ќе игра против екипата на Бутел со почеток од 19 часот.

Следниот ден на програмата се двете полуфиналиња во женска конкуренција, меѓу бранителот на трофејот Куманово и Металург (15:30) и Вардар против Чаир (18:00).

Женско финале во ракометниот куп ќе се игра на 15 мај од 14:30 часот, додека машкото е на програмата од 17:30 часот.

Домаќин на двата турнир е Металург во салата „Автокоманда“ во Скопје.

Коронавирус