вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 56
home Ракомет

Пролет го совлада Еурофарм Пелистер 2

Пролет го совлада Еурофарм Пелистер 2

Екипата на Пролет на домашен терен запиша посакувани бодови, но потешко од очекуваното, откако во подобар финиш славеше над Еурофарм Пелитстер 2 (27-25) во рамки на плеј-офот од Суперлигата.

Пролет подобро го отвори натпреварот и во воведните минути лесно ја пробиваше одбраната на младите пелистерци. Токму тоа им донесе предност од три гола по 20 минути игра (9-6), која потоа стана и плус пет (14-8), а до паузата, Пролет беше доминантен и водеше со високи седум гола (16-9).

Во второто полувреме гледавме еден нов Еурофарм Пелистер 2, како паузата да им годеше на младите избраници на Јовиќ.

Кам-бекот се најави прво со преполовување на негативата (19-16) на 20 минути пред крајот, а во егал се влезе во влезот на последните десет минути кога беше 23-22. По неколку промашени напади на двете страни, Пелистер успеа да дојде до 23-23, па се играше гол за гол до самиот финиш.

На 100 секунди пред крајот, домаќинот Пролет имаше 26-25, Јовиќ се обиде со „седум на шест“, а откако Еурофарм Пелистер 2 направи пробивање, голманот на Пролет погоди на празен гол за 27-25 и ги реши сите дилеми околу победникот.

ЕУРО 2020

Македонија