недела, 19. септември 2021. Вести денес: 39
home Ракомет

Пролет го победи големиот Гранолјерс и достоинствено го заврши настапот во Европа

Пролет го победи големиот Гранолјерс и достоинствено го заврши настапот во Европа

Ракометарите на Тинекс Пролет направија вистинска сензација и славеа над шпанскиот прволигаш Гранолјерс со 29-27 во вториот меч од квалификациите за Лига Европа.

Нашиот претставник во текот на вчерашниот ден загуби со дури 15 разлика (36-21), па многумина очекуваа Гранолјерс денеска ја оствари уште една рутинска, сигурна победа.

Шпанците водеа по првиот дел со 14-12, но во вторите 30 минути Пролет го надигра ривалот и на најдобар можен начин, достоинствено го заврши настапот во Европа за оваа сезона.

Михаил Аларов одигра извонреден натпревар постигнувајќи седум гола од осум обиди, а по четири погодоци во овој голем триумф постигнааа Џонов, Палевски, Голубовиќ и Пецаковски. Листата на стрелци кај поразените ја предводеше Хосе Марија со 6 голови.

Коронавирус