Првото вечно ракометно дерби во македонскиот машки ракометен плеј-оф помеѓу Е.Пелистер и Вардар ќе биде одиграно во четврток во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 18 часот и 30 минути.
Со оглед на пласманот на овие две екипи при врвот на табелата, овој натпревар е од огромно значење за шампионските амбиции на битолската и скопската екипа.
Во Битола се очекува преполна сала па така раководството на „зелено-белите“ најави почеток на продажбата на билетите уште утре на пладне (12 часот).