петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 114
home Ракомет

Проблеми за Црна Гора, Чавор позитивен на Ковид

Проблеми за Црна Гора, Чавор позитивен на Ковид

Ракометната селекција на Црна Гора ќе биде следниот противник на Македонија на Европското првенство. Натпреварот се игра во сабота од 18 часот, а на клупата треба да биде селекторот Зоран Рогановиќ.

Тој по седум дена доби негативен тест на коронавирус и се упати кон Унгарија. Сепак, во Дебрецен го чека уште еден круг на тестирање пред да добие дозвола за да биде на натпреварот.

Во составот немаше неколку ракометари поради коронавирус, а истите веројатно ќе ги нема ни против Македонија.

До овој момент позитивни се средниот бек Стеван Вујовиќ, пикерот Небојша Симовиќ, а од вчера позитивен е и десниот бек Стефан Чавор.

Коронавирус