петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 13
home Ракомет

ПРОБЛЕМИ: Манасков откажа, Стоилов неизвесен, Ристовски на инфузии

ПРОБЛЕМИ: Манасков откажа, Стоилов неизвесен, Ристовски на инфузии

Македонската репрезентација некомплетна ќе ги стартува подготовките за последните два квалификациски дуели против Турција и Грција за пласман ЕП 2020 година.

Селекторот Данило Брестовац дефинитивно нема да може да смета на услугите на Дејан Манасков, кој поради повреда не може да им помогне на своите соиграчи.

Репрезентативецот пред фајнл-фор завршницата во ЛШ на десната нога имаше хематом, иако се надеваше дека ситуацијата ќе се среди, сепак препораките од докторите е дека треба да мирува, во спротивно неговата состојба ќе биде плоша.

Под знак прашалник е Стојанче Стоилов, исто има повреда по завршување на Ф4, станува збор за коленото. Во моментов Борко Ристовски е под инфузија поради настинка, но ќе биде на нозе за некој ден.

На првата прозивка не се појавија Кирил Лазаров, Филип Талески, Филип Кузмановски, Гоце Георгиевски,…

ИЗВОР: СПОРТМЕДИА