четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 0
home Ракомет

Проблем за Брестовац: Без Маркоски на ЕП, се враќа во Македонија

Проблем за Брестовац: Без Маркоски на ЕП, се враќа во Македонија

Велко Маркоски нема да настапи на Европското првенство. Дополнителните прегледи покажаа дека повредата на окото е сериозна, тој ќе мора да мирува. Ова е голем удар за селекторот, Данило Брестовац, остана без услугите на главниот дефанзивец во нашите редови.

„Ве известуваме дека по направените дополнителни медицински прегледи во Очната Клиника во Љубљана и добиените резултати констатирано е дека Велко Маркоски ќе треба да отуствува 14 дена (повреда на левото око, по ударот со топка од страна на Бомбач). Велко Маркоски утре вечер се враќа за Македонија каде што во понеделник ќе има дополнителни прегледи и ќе продолжи со рехабилитација“, известија од таборот на РФМ.

За постетување по само 15-тина минути Македонија остана без главниот дефанзивец, кој заработи силен удар со топка во глава од Деан Бомбач.

Коронавирус