вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 47
home Ракомет

Пречекот на Вардар низ окото на ЕХФ

Пречекот на Вардар низ окото на ЕХФ

Во ракометна Европа денес се збрува за едно нешто – грандиозниот пречек во Скопје на европските шампиони!

Изминатата вечер беше незаборавна посебно за ракометарите на Вардар, навивачите се погрижија да добијат пречек каков што заслужија. За пречекот во Скопје пишуваа голем број медиуми во регионот, а рамнодушни не останаа ниту луѓето од ЕХФ.

Европската ракометна федерација е воодушевена од она што навивачите им го приредија на ракометарите.

„Вардар се врати во Скопје, а атмосферата беше најдобрата која можете да ја замислите. Семејства, навивачи и цело Скопје излезе на улиците да им пружи поддршка и заедно да го прослават трофејот“, стои во објавата на ЕХФ со приложени неколку фотографии.