вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 76
home Ракомет

Познато кога ќе се знаат повеќе детали за повредата на Лазаров

Познато кога ќе се знаат повеќе детали за повредата на Лазаров

Поради повреда капитенот Кире Лазаров во 11. минута го заврши натпреварот против Шпанија, неизвесно е дали ќе може да ѝ помогне на репрезентацијата и во последните два натпревари.

Македонија е непрепознатлива на дуелот со Шпанија, не ни оди ништо од рака, а дополнителен проблем е и повредата на Кире Лазаров.

-Капитенот со тешко движење и гримаси на лицето го напушти теренот во 11. минута. Најверојатно утре по деталните тестови ќе се знае тежината на повредата, објави порталот МКД.мк. 

Македонија сѐ уште ќе има шанси за полуфинале, но без Кире Лазаров тие би биле значително намалени.