четврток, 13. август 2020. Вести денес: 139
home Ракомет

Познато е против кого ќе игра Македонија во квалификациската група за СП 2021

Познато е против кого ќе игра Македонија во квалификациската група за СП 2021

Женската репрезентација на Македонија ќе игра во група 2 против репрезентациите на Исланд, Литванија и Грција во квалификациите за обезбедување на бараж натпревар за Светското Првенство кое ќе се одржи во период од 01 – 19 декември во Шпанија.

Термините на одигрување на натпреварите се од 27 до 29 ноември или од 4 до 6 декември. Ќе се формираат пет групи (две со по четири, три со по три селекции), а прво и второпласираните обезбедуваат место во баражот.

Бараж натпреварите се закажани за 16 – 21 април 2021 година.

На СП 2021 веќе пласирани се репрезентациите на Шпанија и Холандија, а има уште 14 слободни места за репрезентации од Европа, севкупно на СП 2021 ќе учестуваат 32 репрезентации. (МИА)

Коронавирус