петок, 30. септември 2022. Вести денес: 139
home Ракомет

Познатиот ракометен експерт се огласи за мечот Словенија- Германија: Судиите направија една грешка (ФОТО)

Познатиот ракометен експерт се огласи за мечот Словенија- Германија: Судиите направија една грешка (ФОТО)

Познатиот ракометен аналитичар и еден од најдобрите ракометни судии во историјата на Хрватска, Анто Јосиќ целосно ја објасни спорната ситуација на дуелот Словенија-Германија, односно зошто Блаж Благотиншек доби црвен картон, а со тоа на Германија и даде шанса и да го израмни резултатот од седмерец.

– Ништо не е спорно во одлуката на судиите. Тие донесоа правилна одлука по прегледот на видео-снимката, но нивната грешка е што истата не ја донесоа без преглед на снимката, бидејќи веднаш се виде прекршокот на играчот при почетниот удар од центар и немаше потреба од такво одлагање. Во оваа ситуација, прегледувањето на снимките навистина не беше потребно, бидејќи сè беше јасно, а за ваков прекршок на правилата следува санкција каква што е досудена – црвено карто и седмерец, – вели Јосиќ за „Спортске новости“.

Коронавирус