недела, 9. мај 2021. Вести денес: 130
home Ракомет

Познати термините на четврфиналните средби во машката ракометната ЛШ

Познати термините на четврфиналните средби во машката ракометната ЛШ

Македонија сигурно ќе има еден претставник на завршницата во машката ракометна Лига на шампионите во Келн. Тоа ќе биде или Кире Лазаров со францускиот Нант или Дејан Манасков со унгарскиот Веспрем.

Двата тима ќе се сретнат во четвртфиналето од елитното натпреварување во натпреварите што ќе се играат на 13 и 20 мај, откако денеска Европската ракометна федерација ги потврди термините за сите средби.

12 мај
18:45, Брест – Барселона
20:45, Кил – ПСЖ

13 мај
18:45, Алборг – Фленсбург
20:45, Нант – Веспрем

19 мај
18:45, Фленсбург – Алборг
20:45, ПСЖ – Кил

20 мај
18:45, Веспрем – Нант
20:45, Барселона – Брест

Коронавирус