петок, 7. мај 2021. Вести денес: 77
home Ракомет

Познати судиите за мечот против Црна Гора

Познати судиите за мечот против Црна Гора

Судиите од Португалија, Дуарте Сантос и Рикардо Фонсека го добија дуелот меѓу Македонија и Црна Гора во 2. коло на Европското првенство.

Арбитрите кои во 1. коло судеа во Вараждин на мечот меѓу Шпанија и Чешка сега ќе бидат во Загреб каде што ќе бидат на теренот на еден многу интересен дуел.

Со оглед на тоа што мечот во Вараждин и не им беше некој проблем бидејќи Шпанија рано дојде во предност против Чешка и имаше голема разлика, се очекува утревечер да биде поинаку.

Секако трите исклучувања на мечот меѓу Шпанија и Чешка не се мерило за критериумот којшто го имаат, но се очекува коректна арбитража.

Коронавирус