четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 196
home Ракомет

Познати сите учесници кои ќе учествуваат на ЕП за ракометари во Унгарија и Словачка

Познати сите учесници кои ќе учествуваат на ЕП за ракометари во Унгарија и Словачка

Машката ракометна репрезентација ја продолжува традицијата и шести пат во низа, од вкупно седми во историјата, ќе игра на едно големо ракометно натпреварува на Стариот континент како што е Европското Првенство.

Следното Европско првенство се игра на почетокот на 2022 година во Словачка и Унгарија, а веќе се познати сите учесници. Нашата селекција ждрепката ќе ја пречека од третиот шешир.

Покрај организаторите, Унгарците и Словаците, на Европското првенство ќе настапат уште финалистите од минатото ЕП, Шпанија и Хрватска, како и селекциите кои успеаја тоа да го направат преку квалификациите, Србија, Германија, Шведска, Данска, Русија, Македонија, Словенија, Белорусија, Норвешка, Португалија, Франција, Исланд, Чешка, Холандија, Австрија, Црна Гора, Боснаи и Херцеговина, Полска, Литванија и Украина.

Ждрепката за Европското првенство, кое се игра во Унгарија и Словачка, закажана e за шести мај од 17:00 часот во Будимпешта.

Коронавирус