среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Ракомет

Познати се судиите за последниот европски натпревар годинава на Еурофарм Пелистер

Познати се судиите за последниот европски натпревар годинава на Еурофарм Пелистер

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од шестото коло во Лигата на Европа.

Тимот на Еурофарм Пелистер ќе се соочи со португалскиот Спортинг Лисабон, а овој дуел ќе го судат босански арбитри.

Станува збор за Александар Јовиќ и Недим Арнаутовиќ, додека делегат ќе биде Леополд Калин од Словенија.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг Лисабон ќе се игра на 7 декември во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.

Коронавирус