среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 25
home Ракомет

Познати официјалните лица кои ќе се грижат за правдата на завршницата од Ракометниот Куп

Познати официјалните лица кои ќе се грижат за правдата на завршницата од Ракометниот Куп

Ракометната федерација на Македонија ги делегираше судиите за завршниот турнир во ракометниот Куп во машка и женска конкуренција.

Кај мажите, првото полуфинале меѓу Вардар и Металург, што ќе се игра в четврток од 16:30 часот, ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, а делегати на овој меч ќе бидат Душко Камишевски и Русе Наумовски.

Вториот полуфинален двобој меѓу Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер, што се игра в четврток од 19:00 часот им е доверен на Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека делегати ќе бидат Љупчо Јаневски и Ацо Николовски.

Финалето ќе се игра в сабота, од 17:30 часот, а на тој дуел правдата ќе ја дели најдобрата судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Делегати ќе бидат Драган Начевски и Камер Металари.

Куп на Македонија, Ф4, мажи:

полуфинале, 13 мај
16:30 часот, Вардар – Металург
19:00 часот, Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер

финале, 15 мај
17:30 часот

Коронавирус