недела, 9. мај 2021. Вести денес: 112
home Ракомет

Познати четврфиналните парови во машката ракометна Лига на Шампиони

Познати четврфиналните парови во машката ракометна Лига на Шампиони

Со одигрувањето на мечот меѓу ПСЖ и Целје и официјално беше завршена осминафиналната фаза од Лигата на Шампионите во машка конкуренција, по што се познати осумте екипи кои ќе водат битка за четирите места на фајналфор турнирот во Келн.

„Светците“ рутински славеа и на реваншот со Целје, овојпат со 31-23, како загревање за четвртфиналниот двомеч со европскиот првак Кил.

Кире Лазаров и Нант приредија сензација со елиминацијата на Киелце, по што македонскиот капитен по рекорден 17. пат ќе биде дел од четвртфиналето во елитното европско натпреварување. Лазаров и соиграчите таму ги очекува нов тежок предизвик, двомеч со Веспрем, откако унгарскиот гигант во два меча го збриша македонскиот шампион Вардар.

Во последната четвртфинална двојка Алборг по драматичниот триумф над Порто ќе се сретне со Фленсбург, кој без борба се пласираше во оваа рунда поради големиот број на заразени ракометари во тимот на Загреб.

Коронавирус