Македонската ракометна репрезентација се подготвува за квалификациските предизвици, но ќе мора да биде без еден член на стручниот штаб, тоа е тренерот на голмани, Александар Царчев.
Сите спроведоа задолжителни тестови пред првиот собир, а на тестирањата се покажало дека Царчев е позитивен. Ракометниот работник ја соопшти веста на социјалните мрежи, каде напиша дека е асимтоматски и најави дека за десет дена сите повторно ќе бидат заедно.
Македонија првиот натпревар го игра на домашен терен против Финска на 4 ноември, а три дена подоцна гостува кај Швајцарија во рамки на циклусот за пласман на ЕП 2022.
Објавата на Александар Царчев на социјалните мрежи: