сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

Повредата на Дејан Манасков не е од посериозен карактер

Повредата на Дејан Манасков не е од посериозен карактер

Најновите прегледи направени денеска потврдија дека повредата која македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков koja ја заработи на вчерашниот дуел со Финска не од сериозен карактер.

Станува збор за повреда која бара мирување, па засега не се знае дали Манасков ќе биде во составот кој в недела ќе го одигра последниот меч во квалификациите против селекцијата на Швајцарија во Скопје.

Манасков има оток, но останува да мирува во наредните ден-два, по што ќе се знае дали ќе биде дел од националниот тим в недела за мечот против Швајцарија.

Коронавирус