петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 32
home Ракомет

Потпишан договор за формирање на РК Еурофарм Пелистер

Потпишан договор за формирање на РК Еурофарм Пелистер

Градоначалникот на Општина Битола Наташа Петровска, Зоран Стерјев претставник на РК Еурофарм Работник и Сашо Шамбевски, генерален директор на РК Пелистер, денес потпишаа договор со кој двата битолски ракометни клубови се здружија во еден и во иднина ќе се вика Еурофарм Пелистер.

– Спортот треба да им биде оставен на спортистите и спортските работници и затоа како градоначалник ја поддржав идејата на спортистите и љубителите на спортот за здружување на двата клуба.

-Договорот е изработен низ транспарентен процес, изгласен е и од Советот на Општина Битола, а јас посакувам во иднина ракометна Битола да ја врати славата што ја имаше во минатото. Освен ракометот ние ќе ги помагаме и другите спортски дисциплини, изјави Петровска по потпишувањето на договорот за здружување на двата ракометни клубови.

Според Зоран Стерјев, претставник на РК Еурофарм Работник, договорот е резултат на квалитетен преговарачки процес во кој времето на донесување на одлуката не беше приоритет туку темелниот пристап.

– Претстои светла иднина на ракометот кој е исклучително сензитивна тема за Битола и битолчани. Идејата за овој договор беше иницирана од спортски работници и поранешни ракометари кои сметаа дека фузијата меѓу двата клуба може да биде основа за да се создаде поголем исчекор на домашна и меѓународна сцена. Договорот е в темелен на чесни намери, а целта е да се врати сјајот на битолскиот ракомет и повторно да се гордееме со ракометните успеси, истакна Стерјев.

За потпишаниот договор и формирањето на единствен ракометен клуб Еурофарм Пелистер ќе бидат известени РСМ, СЕХА и Европската ракометна федерација.

Коронавирус