недела, 11. април 2021. Вести денес: 99
home Ракомет

Порто го повлекува дресот со број 1

Порто го повлекува дресот со број 1

После големата загуба и трагедијата која се случи откако голманот на ракометниот клуб Порто Алфредо Кинтана ја загуби битката и почина после срцевиот удар кој го претрпе во понеделникот не стивнуваат реакциите и изразувањето на сочуство.

Претседателот на клубот, Хозе Нуњо Пинто да Коста даде предлог дресот со број 1 да биде повлечен. Дефинитивно предлогот ќе биде усвоен така што повеќе во тимот на Порто никој нема да го носи овој број.

Алфредо Кинтана кој беше голман и на репрезентацијата на Португалија претрпе срцев удар на тренингот во понеделникот, а почина на неполни 33 години.

Коронавирус