среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Ракомет

Поранешниот ракометар на Металург Александар Шпенде стана македонски зет (ФОТО)

Поранешниот ракометар на Металург Александар Шпенде стана македонски зет (ФОТО)

Ракометарот кој пред две години беше дел од екипата на Металург и беше најефикасниот играч на тимот од Автокоманда, Александар Шпенде стана македонски зет, објави порталот 24ракомет.

За него уште тогаш беше познато дека е во врска со колешката од женската екипа на Металург, Марија Гајиќ.

Двајцата објавија за нивната венчавка така што Словенецот стана македонски зет со што бројката на ракометари кои дошле во Македонија на печалба и станале македонски зетовци се зголемува, а Шпенде е најновото име на солидно долгиот список.

Инаку, Шпенде си замина од Металург после само една сезона откако „металурзите“ го совладаа Вардар во Купот на Македонија во 2019 година, а потоа се пресели во ППД Загреб. Од јануари го носи дресот на екипата на Базел.

Извор: 24ракомет.мк

Коронавирус