Ракометарите на Вардар ја освоија петтата титула во регионалната СЕХА лига, откако во финалниот двобој беа подобри од Загреб со 23-26. Македонскиот првак ја додаде петтата ѕведичка во својата колекција. Претходно освојуваше титули во 2012, 2014, 2017 и 2018 година.
Сепак радоста не беше комплетна поради повредата на Кристијан Дисингер, која иако на прв поглед се чинеше многу сериозна, сепак веројатно не е така.
Вардарци од соблекувалната по завршувањето на натпреварот упатија порака за германскиот интернационалец на сите јазици – македонски, хрватски, летонски, шпански, словенечки…Погледнете…
???? @HCVardar show their support for @dissinger25 after winning the #SEHAFinal4 trophy ? ❤️?? pic.twitter.com/HbxTLwVf06
— SEHA-GAZPROM LEAGUE (@SEHALeague) April 3, 2019